Откако со камери го покри секој агол од планетата, Google се подготвува да зарони  и да ги сними подводните убавини на океаните. Како што пренесуваат светските медиуми првиот локалитет кој го снимаaт камерите на Google е големиот корален гребен во Австралија. Нуркачите тука минале месеци во снимање од различни агли, а подводните снимки и фотографии ќе може да ги погледнете од својот дом преку новиот сервис на Google Catlin Seaview Survey –  подморска верзија на Street View. Според најавите овој проект ќе биде интегриран во апликацијата Google Earth.


OhridNews