Горан Андоновски старо – нов тренер на ГРК Охрид, се гради екипа за натпреварувачката 2022/23
30.05.22 10:08
Ракометниот стручњак Горан Андоновски, кој до скоро беше на чело на суперлигашот Тиквеш, се враќа во Охрид и го презема кормилото на Градскиот ракометен клуб.
Ова е враќање на Андоновски по три сезони во клубот каде претходно долги години ја извршуваше тренерската функција. Тој стави потпис на двегодишен договор, а негов помошник ќе биде Наум Бабачев, поранешен ракометар и долгогодишен тренер во младинските категории на ГРК Охрид.
Андоновски ќе има полни раце работа во составување на екипата за наредната сезона. ГРК Охрид, како што соопшти клубот, по завршување на сезоната го напуштија 11 ракометари по истек на договорот: Мице Шилегов, Филип Николов, Мартин Ивановски, Филип Кривокапиќ, Славчо Шулески, Мартин Манасков, Михајло Младеновиќ, Николче Ристески, Филип Грубор, Јагош Брауновиќ и Даниел Ацев. Клубот исто така го напушти и тренерот Радослав Стојановиќ.
ГРК Охрид најавува сериозни засилувања на екипата која во континуитет е учесник во плејофот на Супер лигата.
Охрид Мол најавува дека од втората половина на септември дел од неговата понуда ќе биде и супермаркетот SPAR – еден од најпознатите меѓународни брендови во малопродажбата Ланецот SPAR е присутен н...
На 05082026 во Охрид, полициски службеници од криминалистичката полиција при СВР Охрид лишија од слобода две лица на возраст од 50 и 46 години, двајцата од Охрид При претрес во домот на едно од лиц...
Еден од највредните експонати од богатото културно наследство на Охрид – мозаичната икона „Исус Христос на престол“ од XIV век, утре (7 август) повторно ќе биде претставен пред јавноста во Галерија...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.