Ракометниот клуб Охрид во распределбата на ваучерите од Агенцијата за млади и спорт доби 4 400 000 денари. Од клубот задоволни се од износот, но не се од делењето на средства во однос на другите екипи. Охрид полека го валоризира ваучерот и ќе биде вистинска финансиска инекција за клубот.

Со износот од ваучерот кој ни е доделен од Агенцијата за млади и спорт не дека не сме задоволни, туку е помал од она што имаме заслужено или пак другите клубови го имаат добиено. Ваучерот се добива според резултатите остварени од претходната сезона. Ние бевме на седмата позиција во Супер лигата, но станавме вицешампиони во младинска конкуренција. Мислам дека комисијата која одлучува околу ваучерите треба многу подетално да ги анализира работите и после да ги доделува. Од оние податоци кои можам јас да стигнам и ги знам, речиси сите екипи ги искористуваат парите од ваучерите. Приватните фирми, полека се приспособуваат и му веруваат на системот. Не зборувам само за ракометните клубови, туку за сите спортски колективи и спортисти кои добија вауери. – изјави спортскиот директор на Охрид, Горан Недески.

„Гладијаторите“ се враќаат во плејофот од Супер лигата. Во Охрид ќе гостуваат актуелниот европски Вардар, Еурофарм Пелистер и ривалите од регуларниот дел, а клубот подтовен е на организациски план.

Примарната цел со пласманот во плеј-офот ја остваривме. Фокусирани сме на преостанатите четири мечеви од Супер лигата. Потоа не очекуваат натпреварите од 1/4 финалето во Купот на Македонија, плејофот, завршните турнири со младински екипи и така натаму. Организациски гледано подготвени сме за сите предизвици кои не очекуваат. Сите во клубот работиме напорно и Охрид е вистински пример за професионализам. – истакна Недески.

Охридскиот ракометен клуб има голема шанса да се пласира и на завршниот турнир во Купот на Македонија. „Гладијаторите“ се носители во 1/4 финална ждрепка која треба во најскоро време да се одржи во РФМ. Четвртфиналните групи ќе се играат на 10 и 12 април.

Мх.П.