Актуелниот европски и македонски првак Вардар полека се екипира и го формира ростерот, кој ќе го има тренерот Стефче Алушовски на располагање.

Нов договор со клубот од Јане Сандански потпишаа капитенот Стојанче Стоилов, руското крило Тимур Дибиров и германскиот интернационалец Кристијан Дисингер. Од клубот заминува Сергеј Горбок.

Со продолжување на соработката со триото Стоилов-Дибиров-Дисингер, Вардар го задржа костурот на екипата кој игра многу важна улога во соблекувалната. Стоилов и Дибиров беа дел од двете златни шампионски генерации, додека Дисингер дел од тимот беше во освојување на втората титула во ЛШ.

Наскоро, треба да се реши иднината на Клеб Калараш. Нов договор веќе потпиша Иван Чупиќ.

Единствено ново засилување на Вардар е Томислав Јагуриновски од Металург, но „црвено црните“ на големо преговараат со неколку квалитетни ракометари.

Вардар почеток на подготовките најави на средината на јули.

OhridNews