
Ѓорческа (222-ра на ВТА листата) во првата рунда од квалификациите на УС Опен ќе игра против моментно 158-та во светот, Американката Кетрин Белис.
Белис има 17 години, важи за исклучително талентирана тенисерка, која пред две години низ квалификациите стигна до главниот турнир на УС Опен, а успеа преку Доминика Цибулкова да се пласира и во второто коло.
Кога ја совлада Цибулкова Белис имаше 15 години и четири месеци со што стана најмладата тенисерка која победила во еден меч на УС Опен.
Зад името на Белис стои и дека таа на 15-годишна возраст јуниорска светска првенка во тенис.
Мечот Лина Ѓорческа-Кетрин Белис на програмата е в среда, во 17 часот, по македонско време.
OhridNews









