Како што OhridNews неофицијално дознава, на вчера одржаниот состанок на општинскиот комитет на ВМРО- ДПМНЕ, месните комитети и избраните советници од партијата, на кој се разговарало околу изборот на советник кој ќе биде предложен за претседател на градскиот совет , најголем број гласови, односно 27 од присутните, добила советничката Гордана Коњаноска.


За советникот Дејан Паноски се изјасниле 19, за Јованка Точко 5, а  советниците Климе Шешоски, Ангел Јанев и Славица Петровска добиле по еден глас.

Предлогот ќе се достави до извршниот комитет на партијата за одобрување и доколку добие зелено светло, како точка на дневен ред ќе се најде на наредната седница на советот.

OhridNews