Попладнево околу 15 часот избувна пожар во населбата Воска во месноста Грашница. Гореше ниска вегетација, главно трева, а густ чад ја обви речиси целата населба.

Со брза интервенција на Професионалната противпожарна единица од Охрид, пожарот за кратко време беше изгаснат.

OhridNews