Стратегот на белите, Зоран Ѓорески е во потрага на квалитетно решение за шпицот на охридскиот напад. Истакна дека е задоволен со тимот кој го има и од засилувањата кои дојдоа, а oсвен оние четоворица фудбалери кои дојдоа од соседот Охрид Лоте, Ѓорески остава место за евентуално уште едно засилување.


– Имаме доволен фонд на играчи, секој фудбалер од надвор ќе биде дополнителнооптоварување на буџетот, ние имаме доволен кадар, последниот фудбалер за кого сме заинтересирани за Александар Толески кој доколку не потпише во Елбасан, очекувам да ни се прикилчи, имаме солиден кадар и со сериозна работа очекувам да стигнеме до посакуваните резултати – истакна Ѓорески.

М.П.