Селекторот на Србија, Александар Ѓорѓевиќ го изостави дуото од Црвена Ѕвезда, Немања Дангубиќ и Марко Гудуриќ за Олимписки игри во Рио кои ќе се одржат од 5 до 21 август.
Ѓорѓевиќ кој се најде под голем притисок од јавноста беше на слатки маки бидејќи располага со голем број на квалитетни кошаркари.
12-те кошаркари кои ќе бранат боите на Србија финалните подготовки ќе ги имаат во Аргентина каде ќе учествуваат на турнир.
Србија на Олимпијадата во групата се наоѓа со Америка, Венецуеала, Франција, Кина и Австралија.
Составот: Милош Теодосиќ, Стефан Марковиќ, Стефан Јовиќ, Немања Недовиќ, Богдан Богдановиќ, Никола Калиниќ, Марко Симоновиќ, Милан Мачван, Стефан Бирчевиќ, Никола Јокиќ, Мирослав Радуљица и Владимир Штимац.
OhridNews