Репрезентацијата на Србија трет пат под водство на Александар Ѓорѓевиќ освојува сребрен медал на големите собири. На светското и олимпиското сребро српските кошаркари го додадоа и европското, откако претрпеа пораз од Словенија во финалето 93-85.

– Словенија сосема заслужено го освои најсветлото одличје, бидејќи многу ретко се случува една селекција да ги победи сите девет мечеви вклучувајќи го и финалниот натпревар. Првиот дел, особено втората четвртина не се одвиваше по нашите планови и Словенија максимално го искористи тоа. Можам да им честитам и на моите момци кои буквално изгинаа и лице в лице се соочија со сите проблеми ова лето и во текот на првенството. Дури не го погледнам финалето нема да дадам оценка за судењето, но мислам дека одлуките на крајот отидоа за словенците и нас тоа не уништи. Еден ден овие сребра ќе се преточат во злато, верувајте ми. – изјави селекторот на Србија, Ѓорѓевиќ.

Србија наспроти Словенија изгуби два мечеви, од Русија во групната фаза и од „змајчеките“ во финалето.

OhridNews