До крајот на 2012 година ќе бидат изградени дополнителни 76 локални патишта со вкупна должина од 176 километри, во вредност од околу 15 милиони евра, за кои се потпишани договори, најави денеска владиниот портпарол Александар Ѓорѓиев.
Според утврдената динамика, во јули се планирани 25 локални патишта со должина од 54 километри и инвестиција од 4,54 милиони евра. во август: 26 локални патишта со должина од 62 километри и инвестиција од 4,78 милиони евра, во септември: 8 локални патишта со должина од 19 километри и инвестиција од 1,11 милиони евра, во октомври: 10 локални патишта со должина од 25 километри и инвестиција од 2,26 милиони евра и ноември: 7 локални патишта со должина од 16 километри и инвестиција од 1,56 милиони евра.
Ѓорѓиев информираше дека во тек е постапка за избор на изведувачи за 32 локални патни правци за Пелагониски, Југозападен, Полошки и Скопски регион, која ќе заврши за 20 дена, и тоа значи дополнителни нови 30 локални патишта.
На почетокот на август ќе бидат распишани два повика за избор на изведувачи за околу 60 дополнителни локални патни правци за сите осум региони, чија градба би започнала крајот на оваа година.
Покрај локалните патишта ќе се работи и на реконструкција и рехабилитација и на регионалните патни правци. До ноември 2012 година ќе бидат завршени 4 патни правци:  
-Струга – Дебар
-Кавадарци – Мушов Гроб
-Ангелци – Вељуса – Водоча – Баница
-Радовиш – Конче – Лубница
Вкупната должина на овие патишта е 74 километри, во вредност до над 10 милиони евра.
OhridNews