Ѓорѓиев:Македонија не сака вештачки дебати, предлагаме конкретни средби и иницијативи
08.07.12 01:00
Ние нема да дозволиме да бидеме вовлечени во било какви нецелисходни надмудрувања, и дебати, кои имаат за цел да ја дефокусираат јавноста од суштината на нашите односи, а тоа е неопходноста од изнаоѓање на решение за деценискиот спор кој нашиот јужен сосед ни го наметна, решение на спорот за името, истакна новоназначениот портпарол на Владата на РМ, Александар Ѓорѓиев.
Улогата на нашиот сосед Грција во регионот е сериозна и значајна и како таква треба да се насочи кон помагање на интегративните процеси на земјите, кај кои тоа е потребно, преку промовирање на европските и евроатлански вредности на овие простори, наместо од друга страна спротивно на оваа неопходност, да се создаваат вакви вештачки и непотребни теми, кои не се во прилог ниту на нивната, ниту на нашата земја, ниту пак на регионот, вештачки теми кои одземаат енергија и го губат фокусот од главната цел, рече Ѓорѓиев.
-Помина доста време, без посериозни реакции од страна на нашиот јужен сосед во врска со нашиот спор, кој е единствена пречка на патот кон евроатланските интеграции. Грција се соочува со сериозни предизвици и ние гледаме со разбирање кон тоа, свесни за напорите кои и Грција, но и цела Европска унија ги вложува. Но, апелираме за одговорен пристап и потенцираме дека нашите две земји имаат спор кон чие решавање треба да се пристапи со еднаква сериозност, без дополнително барање на изговори и алиби, изјави на средбата со новинарите портпаролот Ѓорѓиев.
Полициски службеници од Отсекот за превенција и Полициската станица за безбедност во патниот сообраќај при СВР Охрид деновиве ја спроведуваат превентивно-едукативната кампања „Безбедни матурски про...
Со бројни активности кои се насочени кон подигнување на свеста на населението за придонесот кој секој еден поединец може да го даде за подобрување на животот во заедницата, Црвен крст Охрид ги одбе...
На 10 мај, сабота, со почеток од 14 часот во големата сала на Општина Охрид претседателот Максим Димитриевски и генералниот секретар Горан Минчев ќе одржат средба со раководството на Општинската ор...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.