
Ѓоргиоски : “Одиме понатаму, тоа е најважно “ (видео)
11.11.11 00:05
“Црвено црните“ потешко од очекувањата обезбедија пласман во 1/2 финалето од Купот на Македонија. Прилепчани во реванш мечот кој се одигра Струга остварија триумф од 2-1, кој се покажа недоволен да се анулираат оние 2-0 кои Вардар ги стекна на првиот натпревар.

– Најважно за нас е што се пласиравме во 1/2 финалето. Во иднина треба да ги поправиме грешките кои ги направивме денеска, мора да сватиме дека нема лесни противници и секој натпревар да одиме на победа. – истакна тренерот на Вардар, Ѓоргиоски.
По елиминацијата на 11 Октомври во ¼ финалето од Купот на Македонија, лидерот на табелата во првата македонска фудбалска лига остана во игра за двојната круна.
Мх.П.
© Ohridnews.com. All rights reserved.
The content of this article, should not be printed, copied or published in any way, without permission by Ohridnews.com










