Верувам во мојот тим, и очекувам пред “комитите“ да славиме и да одиме понатаму – вели стратегот на Вардар, Илчо Ѓорѓиоски, по поразот од 3-2 на првиот меч против БАТЕ Борисов во второто квалификациско коло од Лигата на Шампиони.


Причината за поразот Ѓорѓиоски ја гледа во падот на конетрацијата во финишот на мечот.

– Не смееме да ја губиме концентрацијата. Последните минути не се крај на мечот. Таквото губење на концентрацијата води до неочекувани постигнати голови – рече Ѓорѓиоски.

Најзначајна работа според стратегот на македонскиот првак е да се врати психолошката стабилност кај играчите по еден вака шокантен пораз.

Реванш мечот се игра на 25 јули во Скопје со почеток во 20 часот.

ohridnews