Густ чад се издига од депонијата во Буково,.
Пожарот го констатирале овластен инспектор од Одделението за инспекциски надзор во животната средина-Пелагониски и Југозападен регион, Канцеларија Охрид и овластен инспектор за животна средина од Општина Охрид, при денешниот вонреден надзор на депонијата Буково со која раководи ЈП Охридски Комуналец, информира Државниот инспекторат за животна средина – ДИЖС.
Во увидот константирано е дека депонијата гори и се ослободува чад, на лице место имаше булдожер, камион и ровокопач кои вршеа истурање земја со цел гасење на депонијата. стои во инспекцискиот извештај.

Согласно Законот за управување со отпадот, член 37 став 6 постапката ја води овластен инспектор за животна средина од Општина Охрид кој ќе изготви Решение во инспекциска постапка со задолжение и мерки за целосно гаснење на депонијата., соопшти ДИЖС.
OhridNews












