
Како што пренесоа дел од агенциите, во Центарот за управување со кризи во Прилеп монах од манастирот пријавил дека избувнал пожар и дека е зафатен голем дел од овој значаен духовен храм од XIII век.
Противпожарни екипи се упатиле кон манастирот, а поради тешко пристапниот терен, надлежните служби упатиле апел до локалното население кое поседува теренско возило да помогнат во гаснењето на пожарот.












