Пожарот во атарот на село Гургурница е локализиран, а интервенцијата за целосно гаснење на овој пожар ќе продолжи во текот на денешниот ден. Активен е и пожар над село Копанце. Истиот е префрлен од скопско Бојане, на теритиријата над село Копанце. Гори нискостеблеста шума и сува трева.
Активен пожар има и во село Пресница, општина Липково. Со пожарот е зафатена дабова шума, бука и габер. Во гаснењето на пожарот интервенираат 36 лица од Шумското стопанство „Куманово“. Пожарот се наоѓа на доста непристапен терен, па поради тоа е отежнато гаснењето. Досега се зафатени околу 30 хектари површина. Пожарот во атарот на село Танушевци е ставен под контрола. Зафатена е букова шума и сува трева.