Како што информираат од Центарот за управување со кризи,, на територијата на Македонија активни се неколку пожари.

Во текот на денот , избувнал пожар во атарот на селото Градец во Крива Паланка. Пожарот е се уште активен и при неговото гаснење интервенирале шест лица од противпожарната единица и 10 лица од шумското стопанство.

Во текот на вчерашниот ден, пожарот во Националниот парк „Јасен“ беше ставен под контрола, но денеска во утринските часови овој пожар повторно е активен. Станува збор за опожарена површина од 50 хектари.

Се уште е активен и пожарот меѓу Катлановска бања и селото Градманци во месноста Кочкова населба (општина Петровец). Пожарот над Ново Конско во месноста Ѓупка се уште е активен. Гори нискостеблеста дабова шума на површина од 150 хекатри. Во месноста Орлова вода во атарот на село Витолиште каде беше зафатена површина од 40 – 50 хектари пожарот е ставен под контрола. Во атарот на село Слоештица (општина Демир Хисар) пожарот е локализиран, а се очекува во текот на денешниот ден целосно да биде изгаснат.

OhridNews