Голем пожар попладнево изби над селата Лескоец и Скребатно.

Огнот може да се забележи од градот Охрид, што предизвика вознемиреност кај граѓаните.

OhridNews ги контактираше надлежните во територијалната професионална противпожарна единица Охрид, кои, истакнаа дека се запознаени со случајот.

Исто така, од Националниот Парк Галичица информираат дека внимателно се следи состојбата, но дека надлежноста е во рамки на јавното претпијатие Македонски Шуми.

OhridNews

Фото: Стојан Савески