Голем пожар вечерва беснее во Дебело поле. Како што изјавија од Треиторијалната противпожарна едининица Охрид, гори трската во полето. Густиот чад и огнот можат да се забележат и од градот.

Во моментов ангажирани се 4 противпожарни екипи со исто толку возила, кои се борат со огнот. – информира ТППЕ.

Инаку, не е прв пат да гори трската во Дебело поле. Последен пат голем пожар во ова подрачје каде често се палат стрништа, имаше пред две години.

Г.М.