Горивата од денеска се продаваат по цени пониски за 1,5 денари. Ова се должи на одлуката на Регулаторната комисија за енергетика врз база на двонеделните пресметки на движењето на нафтата на светските пазари.

Според најновите промени во цените на енергенсите, Еуросуперот БС – 95, Еуродизелот и естра лесното масло за домаќинство поевтинија за 1,5 денари за литар, а Еуросуперот БС – 98 за 1 денар.

Еуросуперот БС – 95 од денес се продава за 60,50 ден/лит, Еуродизелот за 51 ден/лит, а цената на Екстра лесното масло за домаќинство изнесува 40 ден/лит. Малопродажната цена на Еуросуперот БС-98 изнесува 62,50 ден/литар. Цената на мазутот М-1 НС е намалена за 1,556 ден/кг и се продава за 22,892 ден/кг.

Врз намалувањето на цените на горивата покрај падот на вредноста на нафтените деривати на светските берзи влијание имало и тоа што курсот на денарот бил повисок во однос на доларот во изминатиот 14-дневен период.

OhridNews