Бензините и дизелот од ноќеска на полноќ поевтинуваат за половина денар, а екстра лесното масло за домаќинствата за денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика.
Со оваа одлука малопродажната цени на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 76,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 78,50 ден/лит, додека малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 67,50 ден/лит.
Малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се намалува за 1,00 денари/литар и изнесува 66,50 ден/лит, додека малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се намалува за 0,690 денар/килограм и изнесува 41,445 ден/кг.
Со одлуката на РКЕ се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,03 процент во однос на утврдените цени пред една недела.
OhridNews












