Цените на горивата од вечерва на полноќ ќе се зголемат за два денари. Регулаторната комисија за енергетика ги објави новите цени на горивата, кои според методологијата се зголемуваат во просек за 2.84%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98, на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-ЕV) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1), се зголемуваат за 2,00 денари/литар, во однос на малопродажните цени утврдени со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 78,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОСУПЕР БС-98 изнесува 80,50 ден/лит, малопродажната цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) изнесува 71,00 ден/лит и малопродажната цена на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) изнесува 71,00 ден/лит, информираат од РКЕ.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,386 денар/килограм, во однос на малопродажната цена утврдена со одлуката за утврдување на највисоки малопродажни цени на нафтените деривати и горива за транспорт од 17.01.2022 година и со тоа малопродажната цена на Мазутот М-1 НС изнесува 44,213 ден/кг.

OhridNews