Воодушевувачко продолжение на Шелдоновиот роман “Господар на играта“. Една од најгламурозните и највозбудливите приказни кои некогаш се раскажани. Заплетот започнал уште одамна, уште во деветнаесетиот век кога Џејми Мекгрегор ја засновал својата империја на украдените јужноафрички дијаманти. 

По смртта на Џејми, компанијата ја презела неговата ќерка, моќната и непопустлива Кејт Блеквел, која Кругер -Брент ја претворила во деловен конглометар со гигантски размери.

Тили Багшо во овој роман на маестрален начин ја прикажува приказната на наредната генерација, продолжувајќи таму каде што застанал Шелдон. Дејството го опфаќа периодот од осумдесетите години на деветнаесетиот век, па се до денешен ден, следејќи го семејствот Блеквел низ лавиринт од љубов, загуба, убиства и интриги.

Гламурозен и впечатлив, напнат и провокативен романот “Господарка на играта“ претставува продолжение кое обожавателите на Шелдон со години го чекаа.

Желбата за успех, моќ и слава како на сите потомци да им е во крвта. Продолжува натпреварот за најуспешната компанија Кругер- Брент, но сега таа крвава борба ја водат правнуцита на главниот господар Кејт Блеквел.

Од една страна најомразени противници и непријатели, а од друга, ги поврзува копнежот и страста еден кон друг Лекси и Макс се во постојана борба и надмудрување, за на крајот по многу сплетки и околности, Макс својот живот да го заврши со самоубиство, немоќен да го прифати падот на Кругер-Брент, а Лекси тоа палаво девојче,прераснувајќи во најголемата измамничка, да добие се во свои раце…….

Рубриката „Книга“ е уредена во соработка со Градската библиотека „Григор Прличев“