На денешен ден пред 10 години започна приказната на Гостилница „Мече“. Деценија подоцна оваа гостилница прерасна во реномиран угостителски бренд, каде со задоволство свратуваат како охриѓани, така и гости од целата земја и пошироко.
Во 2013 година дојдов до идеја да изнајмам деловен простор и ја отворив гостилницата „Мече“. Почетоците беа тешки, работев јас со уште двајца вработени, секој ден од 8 до 22, а некогаш и многу подоцна, бидејќи не можевме да ги избркаме гостите. Сега имаме над дваесет вработени и работиме успешно. – вели сопственикот на Гостилница „Мече“, Горан Петрески – Мече.
Келнерот Николче Милески во гостилницата работи од самиот почеток. Се почнало со еден повик.
Ми се јави Мече, ми кажа за идејата и ми вика ти ќе си келнер. Јас до тогаш немав работено како келнер. Почнавме скромно со 5-6 маси, немаше многу работа првата година, втората веќе почнавме да работиме подобро и да го зголемуваме персоналот. – раскажува Николче.
Познатиот водител Жанко З’ш Голабоски, кој е редовен гостин во „Мече“, вели дека се заљубил во гостилницата од самиот почеток.
Мојата дружба со Мече почна случајно. Се враќав од планинарење и влегов, тогаш во старото Мече. Седнав, пробав и се заљубив. Оттогаш не сум излезен од „Мече“. – вели популарниот Жанко.
Низ годините гостилницата „Мече“, во населбата Коњско во близина на Охрид, растеше и се развиваше, но некои работи останаа константа, гостопримството и квалитетната храна по пристапни цени, по што овој угостителски објект е надалеку познат.
Гостилница „Мече“ – Десет години успешна угостителска приказна
Г.М.