За време на ракометното дерби помеѓу екипите на Охрид и Струга, што се одигра вчера во спортската сала „Билјанини извори“ во Охрид, се случи инцидент со физичка пресметка, кој, како што соопшти полицијата, го предизвикале навивачи на гостинската екипа.
На шести април оваа година околу 20 часот, на спортско-рекреативниот центар „Билјанини извори“ во Охрид, за време на спортски натпревар, предизвикано е насилство со тепачка. Најнапред, двајца навивачи од навивачката група „Паткари“ од Струга, се втурнале во навивачката група „Рибари“ од Охрид а потоа и кон полициските службеници кои, преземале службени мерки за безбедност. Притоа, 20-годишно лице од Струга физички нападнал униформиран полициски службеник. СВР Охрид презема мерки за идентификација на неколку лица – членови на двете навивачки групи, кои учествувале во насилството.
СВР Охрид
OhridNews












