Екипата на Вест Хем забележа голем триумф против Арсенал во лондонското дерби победувајќи со минимални 1-0 во првиот меч од 22-та рунда во англиската Премиер лига.

Стрелец на победничкиот погодок беше Деклан Рајс на стартот од второто полувреме. „Чеканите“ со победата над Арсенал ставија точка на постот кој траеше точно 13 сезони. Гостинскиот терен станува баук за „топчиите“ кои петти натпревар по ред незнаат за победа. Последен триумф на Арсенал надвор од својот стадион беше во ноември месец минатата година против Бурнмаут.

Со трите бодови Вест Хем се искачи осмата позиција на табелата, додека Арсенал може да го загуби петтото место ако Манчестер Јунајтед утре во дербито на колото го совлада Тотенхем.

OhridNews