Фудбалерите на Охрид 2004 првата етапа од Втората македонска фудбалска лига ја завршија на “среќното“ 13-то место.  “Рибарите“ во петнаесет одиграни натпревари забележаа четири победи и претрпеа единаесет порази.

Четирите победи што ги одржуваше во живот “рибарите“ во првата полусезона беа извојувани на домашен терен. На останатите четири мечеви кои ги одигра Охрид пред своите гледачи претрпе четири порази.  

Како најголем проблем за охриѓани се покажа гостинскиот терен. “Белите“ претпреа седум порази во исто толку натпревари со гол разлика 9-29.

Со 44 примени голови охридската одбрана е најслаба во втората лига додека со деветнаесет  постигнати погодоци охриѓани се наоѓаат во средината по ефикасност.

Охридските фудбалери во втората рунда од првенството на гостувањето во Кавадарци кај екипата на Тиквеш го претрпе најубедливиот пораз 9-1 додека победа со најмногу голови Охрид забележа во 12-то коло над Баби со 4-3.


Во текот на сезоната охриѓани сменаа еден тренер. Почнаа со Агрон Гони, кој спогодбено со клубот на средината на полусезоната го раскина договорот. Товарот да го предводи клубот кон опстанок во втората лига му припадна на Миле Цветкоски.

Најдобар стрелец во охридскиот фудбалски состав е Филип Митрески со седум погодоци, по него следуваат Китрозоски со четири, Меди и Бакулески по три.

Резултатите на Охрид 2004 во првата полусезоната од Втората македонска фудбалска лига.

1. Охрид 2004 – Победа Јуниор 1-2
2. Тиквеш Охрид 2004 9-1
3. Охрид 2004
– Руфеја 1-3
4. Гостивар  Охрид 2004 1-0
5. Охрид 2004 – Врапчиште 1-0
6. Охрид 2004 – Еуромилк 0-1
7. 11 Октомври Охрид 2004 4-2
8. Охрид 2004 – Корзо 1-0
9. Македонија Ѓ.П. Охрид 2004 3-1
10. Охрид 2004 – Локомотива 2-1
11. Скопје Охрид 2004 5-0
12. Охрид 2004 – Баби  4-3
13. Миравци  Охрид 2004 2-1
14. Охрид 2004 – Новаци 1-4
15. Маџари Охрид 2004 5-2

Мх.П.