Гостите кои ќе ги поминат новогодишните празници во Охрид пристигнаа.

Раздвижено е во охридската чаршија, во рестораните и кафулињата, продавниците во кои во последен миг се купува гардероба за новогодишната вечер,  како и во супермаркетите со цел да се подготви новогодишната трпеза.


Според изјавите на хотелиерите најголемиот број гости кои деновиве пристигнаа во Охрид се од соседните земји- Србија, Бугарија, Албанија, Грција, како и гости од Црна Гора и гости од Хрватска .


 
 На градскиот плоштад за дочекот на највеселата ноќ присутните ќе ги забавуваат Ѓоко Танески, групата „Камелеон“, Ристо Самарџиев и „Аренси бенд“.

OhridNews