Третата рунда во Општинската фудбалска лига помина во знакот на гостинските екипи кои успеаја да освојат седум од можните девет бодови.

На победи на гостински терен се радуваа Дебрца која со пресврт ја совлада Воска со 2-1 и Вулкан кој со 3-0 беше подобар од Вапила.

Бод на домашен терен освои Рудар кој ремизираше 3-3 со тимот на Свети Петар.

Резултати: Воска – Дебрца 1-2, Рудар – Св. Петар 3-3, Вапила – Вулкан 0-3, Злести слободен

Табела: Дебрца 6, Воска 6, Рудар 5,  Св. Петар 4,  Вулкан 3, Вапила 2, Злести 1.

OhridNews