Фудбалерите на Гостивар прокнижија нови три бодови на табелата во второлигашката конкуренција совладувајќи го Охрид на домашен терен со 2-0 (1-0) во 11-та рунда од шампионатот.

Домаќините пред своите гледачи ја оправдаа фаворитската улога, додека охриѓани во финишот покажаа заби но но не успеаја да ја затресат мрежата и да останат во игра за позитивен резултат.

Првиот дел комплетно помина во знакот на Гостивар. Домаќините имаа од играта и неколку изгледни прилики за погодок. Одбраната на Охрид предводена од голманот Даниел Котевски оддолеваше до 33-та минута. За водство погоди Бурак Менга, кој ја имаше полесната задача после додавањето од Енис Дервиши.

Гостивар на почетокот од вториот дел го издржа притисокот на Охрид. И кога се ослободија успеаја да постигнат втор погодок. Во 63-та минута со погодок неспретната реакција на одбраната ја казни Бленди Бектеши.

Во продолжението Охрид пропушти прилики во главно преку Никола Секулоски. Офанзивецот прво биеше над голот а потоа покрај голот. Гостивар во финишот со сигурна игра не дозволи нова шанса и забележа нова победа.

„Рибарите“ во следната рунда на домашен терен го пречекуваат Кораб во меч во кој само победата им е опција.

OhridNews