Граѓани од населените места во Општина Охрид (Воска, Даљан, Лескајца, Д. Лакочереј, с. Орман, Чекоштина), кои периодов се соочуваат со зачестени поплави во допис до медиумите тврдат дека причина за тоа е човечкли фактор.

Во барањето кое е доставено до надлежните служби, граѓаните бараат итно излегување на терен и констатирање на фактичката состојба, итно отстранување на сите незаконски објекти, насипи, потпорни ѕидови и пречки во коритото на реката Даљан – Коселска, враќање на природниот тек на реката, спроведување соодветна инспекциска и управна постапка, како и заштита на државниот имот и јавната инфраструктура.
Очекуваме писмен одговор од институциите, во законски предвидениот рок, со конкретни информации за преземените или планираните мерки. Апелираме институциите да постапат во согласност со своите законски надлежности и да обезбедат заштита на јавниот интерес, безбедноста и правото на здрава и безбедна животна средина, загарантирани со Уставот на Република Северна Македонија, посочуваат во дописот до медиумите.
OhridNews












