Сопствениците на пловни објекти (кајчиња) кои се лоцирани на крајбрежниот појас на локалитетот „Сараиште“ иммат рок истите да ги отстранат најдоцна до петок, 23 јуни, информираат од Општина Охрид.

Во спротивно од сабота 24 јуни, Општина Охрид и општинските јавни претпријатија ќе започнат акција за отстранување на истите, на товар на сопствениците. Пловните објекти треба да се отстранат поради тековно одржување и чистење на крајбрежјето во овој дел од градот, со цел непречено користење од страна на жителите и туристите, додаваат во соопштението.

OhridNews