Ќе се спроведат сите мерки за откривање и казнување по закон на граѓаните кои одлагаат отпад нелегално, велат од ЈП „Охридски Комуналец“ посочувајќи го притоа случајот со повторно одлагање отпад на претходно исчистена нелегална мини депонија.
Дивите депонии не се само грда слика, туку сериозна закана за здравјето на сите нас и животната средина. Отпадот нелегално оставен на вакви места ја загадува почвата и подземните води, шири токсични материи и привлекува штетници и болести. Дополнително, службите излегуваат на терен чистејќи ѓубришта, трошејќи огромни ресурси коишто припаѓаат на сите граѓани. Доколку граѓаните го одлагаат отпадот онаму кадешто е дозволено на начин којшто е прифатлив овие пари ќе може да се насочат кон поважни нешта, истакнуваат од претпријатието.
Потенцираат дека доколку граѓаните имаат отпад којшто не знаат каде да го фрлат да се јават на телефонскиот број 075/397-944!
Одговорноста за нашето здравје и чистотата на нашето живеалиште зависи од сите нас. Со правилно одлагање на отпадот го штитиме просторот во кој живееме и спречуваме долгорочни последици кои сите ги плаќаме, како сега така и во иднина, додаваат.
OhridNews












