Караванот на СДСМ и Коалицијата денес ќе биде во Дебарца и Вевчани во 17:30 часот, Струга во 18:30, а граѓанската трибина во Охрид ќе почне од 20 часот.
Како што информираат од СДСМ Охрид на трибината ќе има официјалната промоција на кандидатот за градоначалник Асен Шајн и листата на кандидати за советници од СДСМ. Гостин ќе биде претседателот на СДСМ д-р Венко Филипче.
Трибината ќе се одржи во хотел Славија Охрид.
OhridNews