Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика при МВР до надлежното јавно обвинителство ќе поднесе кривична пријава против 51-годишно лице поради објавена содржина на социјалната мрежа Фејсбук со која повикува на насилство. На лицето кое е повикано во полициска станица, одземен му е и мобилниот телефон.
Од МВР потенцираат дека Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика и понатаму ќе продолжи со активностите со цел санкционирање на ваквите случаи. Ги повикуваат граѓаните кои се изложени на закани или сведочат на закани, истите да ги пријават во најблиската полициска станица или на адресата [email protected]