Актуелниот шампион во Премиер лигата, Манчестер Сити дополнително ќе го засили составот со англискиот репрезентативец Хери Мегвајер. „Граѓаните“ во трката за потписот на робусниот дефанзивец го претекнаа градскиот ривал Манчестер Јунајтед.

Манчестер Сити за услугите на Мегвајер на Лестер ќе му исплатат рекордни 80 милиони евра за дефанзивец. И тој би требало да биде трајно решение за последната линија во екипата на Манчестер Сити која е најслабата алка во тимот од Етихад.

Идеално решение во Мегвајер гледаше и Манчестер Јунајтед но проектот на Пеп Гвардиола повеќе му се допаднал на англискиот дефанзивец, кој минатата сезона потпиша нов договор со „лисиците“.

Актуелниот рекорд на трансфер пазарот за дефанзивен фудбалер е во сопственост на Вирџил ван Дајк, кој за 75 милиони евра се пресели од Саутемптон во Ливерпул.

OhridNews