Манчестер Сити со трофеј ја започна новата сезона во англискиот фудбал, откако со 2-0 го совлада Челси во Супер купот, кој е најава за престојните возбудувања во Премиер лигата.
Средбата помеѓу освојувачот на титулата во Премиер лигата и ФА Купот ја реши аргентинскиот репрезентативец Серхио Агуеро кој постигна два погодоци. Популарниот „Кун“, погодокот за почетно водство го даде во 13-та минута, а во 58-та го дуплираше резултатот.
Новата сезона во Премиер лигата започнува во петок оваа недела, а први на мегдан ќе излезат Манчестер Јунајтед и Лестер.
OhridNews