Улогата на спасител на најтрофејниот фудбалски клуб во Македонија, Вардар, ќе му припадне на Град Скопје, откако поранешниот сопственик Сергеј Самсоненко не ги исполни ветувања за исплатување на натолежените долгови од претходниве години.

Претставници на Град Скопје заедно со навивачите на „црвено црните“ оствариле средба со Акционерското друштво за стопанисување со станбен и деловен простор (АДССДП), каде Вардар должи најмногу пари и поради тоа сметката е блокирана. Двете страни нашле заеднички јазик, да се плати главнината, без камата, за да може Вардар да функционира и да ги започне зимските подготовки за втората полусезона во Првата лига.

Финансиска инекција за Вардар ќе биде ваучерот, кој ќе биде искористен за стабилизација на клубот и доведување на фудбалери, со кои „црвено црните“ ќе атакуваат на опстанок во прволигашката елита. Потоа, клубот со чиста сметка ќе може да преговара со други заинтересирана компании, кои сакаат да инвестираат во најдобриот македонски клуб. Неофицијално се споменува авио-компанијата „Катар Ервејс“, која ќе вложи околу 50 милиони евра во период од десет години.

Вардар последниве години често поминува низ турбулентен период,но како овој пат, не било никогаш. Сите прволигаши со новите засилувања ги започнаа подготовки и договорија тест средби, а во Вардар нема ниту трага, ниту глас за планот и програмата за подготовките.

OhridNews