Струшката Полициска станица поднесе кривична пријава против 53- годишно лице,од Биџево и против друштво со ограничена одговорност за Увоз- извоз од Охрид, за сторено кривично дело „бесправно градење“.

Во текот на мај 2013 година, во Струга на ул. „Кеј Борис Кидрич“, пријавениот изведувал градежни работи, односно изградба на објект, иако од страна на Општина Струга му било издадено решение за стопирање на градбата.

OhridNews