Градењето на самиот брег на Охридското Езеро е голема грешка чии последици ќе ги чувствуваат генерации, сметаат стручните лица. Според нив недозволиво е првите линиии покрај езерото да се користат за изградба на станбени или деловни комплекси со големи димензии, затоа што на тој начин се затвора слободниот простор и се нарушува природниот амбиент по кој Охрид е препозналив.
– Покрај езера и реки градби се забранети. Тоа се зони кои му припаѓаат на народот и треба да бидат ослободени од градба. Кога се гради нешто длабоко се повлекува од таква зона и се прави голема грешка доколку се гради на брегот на Охридското Езеро, смета архитектот Георги Константиновски.
Претседателката на Асоцијацијата на архитекти на Македонија, Даница Павловска, лично смета дека растот на Охрид можеби не е контролиран, но за да се донесе било каков заклучок, според неа, треба соодветно, длабински и многу внимателно да се анализира целата состојба. Таа посочува дека тоа што се случува во Охрид и во Скопје посебно, бара професионална дискусија која ќе продуцира посоодветни урбанистички решенија, до кои не може да се дојде без јавна расправа.
-Она што недостаува во урбанистичките процеси е јавната расправа и презентација и тој јавен дијалог не само со стручната туку и со општата јавност. Меѓутоа тоа нешто се регулира со закон. Онака како што е регулирано не е квалитетно решение, може да се изготви ново и ние стоиме зад таквите предлози, изјави Павловска.
Архитектите сметаат дека Охрид како жив град треба да се развива и гради и да се внесуваат модерни детаљи, но тоа мора да биде внимателно осмислено за да не се наруши амбиентот кој го создаваат препознатливата охридска архитектура, културно историските споменици и природните убавини, поради кои градот и Охридското Езеро пред повеќе од три децении беа прогласени за светско наследство заштитено од УНЕСКО.
Општина Охрид подготви богата забавна програма по повод претстојните новогодишни празници На 31-ви декември на Градскиот плоштад „Свети Климент Охридски“ во пресрет на дочекот на Новата 2026 годин...
Гинеколошката ординација на д-р Владо Устијаноски, специјалист по гинекологија и акушерство, одбележува една година од своето основање, период исполнет со професионална посветеност, континуирана гр...
Утре премиерно ќе биде изведена тетарската претстава „Генијална идеја“ на Народен Театар Охрид во малата сала на НУ Центар за култура „Григор Прличев“- Охрид со почеток во 20 часот Претставата е по...
Оваа веб-локација користи колачиња за да можеме да ви го обезбедиме најдоброто можно корисничко искуство. Информациите за колачињата се зачувуваат во вашиот прелистувач и извршуваат функции како што се ве препознаваат кога ќе се вратите на нашата веб-локација и му помагаат на нашиот тим да разбере кои делови од веб-локацијата ви се најинтересни и корисни.
Строго неопходни колачиња
Строго неопходното колаче треба да биде овозможено во секое време за да можеме да ги зачуваме вашите параметри за поставките за колачиња.
Ако го оневозможите ова колаче, нема да можеме да ги зачуваме вашите параметри. Ова значи дека секогаш кога ќе ја посетите оваа веб-локација ќе треба повторно да ги овозможите или оневозможите колачињата.