Градежниот фкултет негира вина за пропустите при изградбата на автопатот Кичево – Охрид, објави Телма. Деканот на Градежен, Мославац вели дека изградбата во 2014 почнала набрзина, а врз основа на старите проекти од 2000 година. Структурата на теренот таму е многу сложена, тврди Мославац, па не можеле да помогнат ниту странски експерти кои биле консултирани. 

„Доаѓаа светски експерти од Франција, за да ни помогнат и да ни дадат совети при решавање на проблемите, и тие кога дојдоа на терен, беа навистина зачудени од тежината на теренот. Тоа се проблеми кои постојат на терен и се решаваат и сигурен сум биде дека автопатот ќе биде завршен во рокот“, вели Мославац.

Деканот Мословац во изјавата за медиумите истакнал дека Градежниот институт Скопје кој е надзорен орган, навреме го информирал ЈП за патишта дека постојат проблеми, а со нив цело време соработувал Градежниот факултет, како консултант на Министерството за транспорт. Додава дека се појавиле многу дезинформации за пропустите кај автопатот. 

„Јас не знам што значи тоа погрешна траса, за таа траса е направен претходен проект, идеен проект и главен проект, и трасата се изведува така како што е проектирана. Имаше и изјави за подземно езеро кај тунелот, тоа не е точно“, рече Мославац. 

Министерот за трснспорт и врски Сугарески е дециден дека одговорност за направените пропусти мора да има.

„Одговорност мора да има, станува збор за сериозна количина на пари која ќе мора да се одвои од буџетот, дали преку кредит, или директно преку буџетот, факт е дека тој автопат мора да се доизгради“, вели Сугарески.

Министерот за транспорт и врски неодамна во Охрид најави дека ќе отпочнат преговори со изведувачот на автопатот Синохидро за рокот на изведба бидејќи е извесно дека тој нема да биде готов до крајот на јануари 2017 година како што првичнио беше предвидено, како и за дополнителните средства кои треба да се инвестираат.

Се шпекулира дека изградбата на автопатот Охрид  Кичево би можела да се пролонгира три години.

OhridNews
извор: „Телма“