Поголема количина градежен отпад веќе подолг период стои на брегот на Охридското Езеро кај месноста Надол во Трпејца.
Екологистите кои ни ги испратија фотографиите, велат дека во повеќе наврати апелирале до лицата кои го оставиле градежниот отпад таму, истиот соодветно да го отстранат и прописно да го одложат но, како што велат, безуспешно.

Тие бараат отпадот најитно да се отстрани од крајбрежјето, во спротивно очекуваат соодветна реакција од надлежните институции.
OhridNews













