Согласно програмите за работа на Општина Охрид, а со цел обезбедување на функционалност на улицата „Македонски Просветители“ утре и во четврток ќе се изведуваат градежни активности за рехабилитација со асфалтирање на крстосниците на оваа улица со улиците „Димитар Влахов“ и „Партизанска“, информираат од Општина Охрид.
Поради тоа, на двете крстосници ќе има изменет режим на сообраќај. Се известуваат сите учесници во сообраќајот да се придржуваат согласно изменетиот режим на сообраќај и по можност во текот на наредните два дена да не сообраќаат на посочените крстосници и да го избегнуваат движењето во централното градско подрачје, додаваат во соопштението.
OhridNews