Од Автомото сојузот на Македонија информираат дека поради изведување на градежни работи (рехабилитација на асфалтот) на патниот правец А2 Кичево–Охрид, помеѓу планинскиот премин Пресека и село Песочан, сообраќајот се одвива под посебен режим, односно преминување од една во друга коловозна лента.

На местата на изведување на работите е поставена соодветна сообраќајна сигнализација.

OhridNews