Државниот инспекторат за градежништво и урбанизам на Република Македонија извршил  контрола на постапката за донесување и законитоста на Урбанистичкиот план- дел од Туристички комплекс „Св.Стефан“, донесен од страна на Советот на општина Охрид минатата недела, а каде е предвидена изградба на хотел.

– При контролата е утврдено дека Деталниот урбанистички план отстапува од одредбите пропишани за донесување на урбанистички планови, во текот на постапката бил изготвуван во спротивност со методологијата и одредбите на законот и дека истиот не е во согласност со намените предвидени во повисокиот акт, односно Генералниот урбанистички план за тој опфат, што значи дека при донесувањето на Деталниот урбанистички план не се почитувани во целост одредбите на Законот за просторно и урбанистичко планирање, информираат од државниот инспекторат.

Поради тоа, Државниот инспекторат испратил укажување до градоначалникот на општина Охрид да  постапи согласно со одредбите од Закон за просторно и урбанистичко планирање и да побара од надлежните комисии да изготват предлог за отстранување на неправилностите со предлог до Советот на општина Охрид, да ја поништи-укине одлуката за  донесување на предметниот  урбанистички план.

Инспекторатот и со предлог до Советот на Општината Охрид и градоначалникот на општина Охрид да не ја објавуваат Одлуката во службен весник, односно да ја запрат постапката за примена – извршност на Одлуката  за донесување на Урбанистички план до преиспитување на постапката за донесување и на законитоста на предметниот урбанистички план согласно дадените насоки.

OhridNews