По првата прозивка, екипата на Охрид Лоте ги започна подготовките за новата сезона во второлигашката конкуренција. На првиот тренинг Трифуноски на располагање ги имаше сите фудбалери на кои смета во оваа сезона.


Покрај староседелците, има неколку новајлии во тимот кој ги предводи повратникот во домашното првенство Дејан Лескароски. Тандемот од Локомотива Наумоски Владо и Бакулески Александар се враќаат во Охрид, додека во најскоро време се очекува и решавање на прашањето околу голманската позиција.


– Првата лига е нашата цел, го задржавме костурот на тимот и со неколку засилување ќе атакуваме на место во елитата – вели Спасе Панџак , генералниот секретар на клубот.


Засилување Охрид Лоте доби во стручниот штаб каде се приклучи Наум Јанкуловски кој ја доби задачата кондиционо да ги подготви “градежниците“.

М.П.