Подготовките за новата сезона која стартува на 31 јули, второлигашот Охрид Лоте ќе ги започне идниот понеделник. Првиот собир “градежниците“ ќе го имаат викендов, за кога ќе биде преставен планот и програмата за подготовките кои ќе се реализираат во Охрид.


Видовме со каков квалитет располга втората лига и мислам дека слободно може да се носиме со екипите. Нашиот тим не го напушти никој од ланската екипа, и со неколку засилувања ќе бидеме силно конкуретни. Ќе се засилиме во сите линии, почнувајќи од голманската позиција, одбраната и средниот ред – вели Димитрија Трифуноски -Србо.


Охриѓани лицитираат со имињата кои би биле евентуални засилувања во тимот на Србо. Се споменува името на бранителот Дејан Лескароски кој минатите две сезони играше во Албанија. Нескриена желба на Трифуноски е плејмејкерот на кически Напредок, Ристе Маркоски кој во моментов е слободен играч.


Најголемите засилување сепак, како што вели Трифуноски Охрид Лоте ги добива во Управниот одбор, каде од наредната сезона дел ќе бидат Бошко Иловски, сопственикот на ГП Ремис, како и познатиот охридски угостител Климе Василевски – Четкар. 

М.П.