Охридскиот второлигаш Охрид Лоте претрпе пораз од 3-2 на пријателскиот натпревар со прволигашот од Кичево, Напредок.

“Градежниците“ по првите 45 минути имаа водство од 1-0, со погодокот на Котевски. Избраниците на  Бочески предноста ја стопија во вториот дел додека поразот за охриѓани го ублажи Секулоски.

За кичевчани следен тест е Пелистер додека Охрид Лоте в среда ќе се сретне со Руфеја.

Мх.П.