Поразот од Беласица сo 3-2 ги остави “градежниците“ во долниот дел на табелата само три бода над местата кои водат во понизок ранг.


Охрид Лоте со 20 бода влегува во последните седум рунди во кои четири пат гостува, додека три пати ќе игра на домашен терен.

“Црвено-црните“ ќе гостуваат кај директниот конкурент Локомотива, кај Тиквеш, Дрита и во последната рунда играат со Охрид.  На домашен терен бодови ќе бркаат против Еуромилк, 11 Октомври и Новаци.


Математиката вели дека 30 бода би биле доволни да се обезбеди опстанок во вторлигашката конкуренција.

М.П.